Апликација за обука: Како да собереме донации за НВО?

Апликација за обука: Како да собереме донации за НВО?

Хоризон Цивитас објавува повик за апликација за учество во обука „Како да собереме донации за НВО?“

Идејата на обуката:
Бизнисите, граѓаните и дијаспората донираат, но граѓанските организации и иницијативи ретко се пристапуваат и бараат или лесно се обесхрабруваат. Оваа обука има за цел да ги подигне капацитетите на здруженијата или невладините организации од Чаир во однос на мобилизацијата на локалните ресурси (бизниси, поединци и дијаспора).

За кого е обуката?
Овој повик се однесува само на здруженија или невладини организации кои делуваат во Општина Чаир, Скопје. Хоризонт Цивитас во соработка со партнерите ќе избере само 20 апликации/НВО.

Логистички детали за обуката:

  • Учеството на оваа обука е бесплатно.
  • Обуката ќе се одржи во Хотел Скардус (Кодра е Диелит) на 9-10 јули 2024 година.
  • Патување (Општина Чаирит – Хотел Скардус – Општина Чаирит), сместување (едно ноќевање во Хотел Скардус), оброци и сите останати трошоци поврзани со обуката се покриени од организаторите.
  • Работниот јазик на обуката е комбиниран (албански и македонски). Организаторите обезбедуваат симултан превод на двата јазика.

Како да аплицирате?
Пополнете го формуларот за апликација на овој линк: https://forms.gle/APfUcqRnHYP3xcWy7
Краен рок за аплицирање: 1 јули 2024, 23:59 часот.

Share: