Повик за ангажирање: две (2) практиканти/ки

Повик за ангажирање: две (2) практиканти/ки

Хоризон Цивитас објавува повик за ангажирање на две (2) практиканти/ки

Датум на објава: 9 септември 2020

Краен рок за аплицирање: 15 септември 2020, 16:30 часот

Место на ангажман: Скопје

Времетраење: 20 часа неделно

Период: Октомври 2020 – Март 2021

Минимални критериуми за кандидати:

Студент/ка во последната година на студии во една од областите на општествени науки како што се: политички науки, финансиски менаџмент, јавна администрација, безбедност, право, односи со јавноста, комуникациски науки / новинарство, или психологија.

Познавач на македонскиот јазик. Познавањето на албански и други јазици ќе се смета за предност при изборот.

Искуство со истражувачки трудови и добро познавање на научни истражувачки методи (собирање податоци, интервјуа, фокус групи) ќе се смета за додадена вредност.

Добро користење на Microsoft Office (Word, Excel, Powerpoint).

Задачи на ангажманот

Асистенција во собирање на податоци за истражувачки трудови (литература, интервјуа, фокус групи, состаноци со партнери, итн.);

Запишување на забелешки (наблудувања) за активностите во организацијата;

Логистичка асистенција во спроведување на активностите предвидени во рамки на проектите;

Административна помош во дневната агенда на организацијата.

Надоместок: 6.770 денари

Потребни документи за апликација:

CV (вклучувајќи број за контакт)

Мотивационо писмо (максимум 1 страница)

Заинтересираните кандидати треба да ги испратат документите на е-маил адреса: info@horizon.mk со пишување во Предметот: Пријава за пракса.

Забелешка: Заинтересираноста по истекот на рокот, нецелосните документи и сите други начини за контакт нема да бидат земени во предвид.

Само кандидатите во потесниот избор ќе бидат контактирани по телефон. Доколку не сте контактирани до 18 септември 2020 тоа ќе значи дека не сте избрани.

Линк за повикот на Албански јазик

Share: