
Повик за фасилитатори на работилница
Хоризон Цивитас објавува повик за фасилитатор на работилница за креативни алатки за превенција на радикализација:
Вовед
Хоризон Цивитас е основана во Ноември 2017 година како организација за поттикнување граѓански активизам и општествена одговорност. Од своето основање, Хоризон Цивитас има за цел да иницира развој на полето на општествената благосостојба и активностите за креирање политики на граѓаните со цел да се подигне свеста за активно и одговорно учество во општеството. Во таа насока, Хоризон Цивитас има реализирано различни активности и проекти кои се однесуваат на превенција и спротивставување на насилниот екстремизам, особено со фокус на зајакнување на капацитетите на младите против радикализацијата.
Детали околу проектот
Назив на проектот: Мултикултурализам и радикализација: нови пристапи кон стари проблеми
Целна група: 30 млади на возраст 18-23 години
Главна цел: зајакнување на капацитетите на младите за отпорност кон радикализам и промовирање на мултикултурализамот.
Локации: Скопје и Струга
Овој проект е предводен од Нексус Граѓански Концепт во партнерство со Хоризон Цивитас и Здружение Аква, и финансиран преку Швајцарска Агенција за Развој преку програмата Цивика Мобилитас предводена од Македонски Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС).
Целта и оквирот на ангажманот
Целта на овој повик е ангажирање на еден (1) фасилитатор за спроведување на работилници за креативни алатки за спротиставување на радикализација во Скопје. Работилницата се составува од 4 модули (4 часа по модул) во текот на 4 недели.
Фасилитаторот е обврзан да прати понуда на програма за спроведување на активностите.
Очекувани резултати
- Припремана програма за обука (1) за креативни алатки за спротиставување на радикализација.
- Одржани 4 модули во Скопје
- Развиена свесност и зајакнати капацитети на млади за отпорност кон радикални мислења и делувања
Правата на интелектуална сопственост:
Хоризон Цивитас и партнер организациите ги задржуваат сите права на интелектуална сопственост во врска со оваа програма и сите поврзани документи и податоци. Ниту една копија од ова програма и/или податоци нема да се користи, репродуцира или споделува со други страни без писмено овластување од Хоризон Цивитас.
Методологија
Работилницата ќе се спроведува во локации договорени од Хоризон Цивитас. Програмата за обука (4 модули) се составува од активности дефинирани од избраниот фасилитатор. Во зависност од содржината, една сесија трае 60-90 мин. Секој модул предвидува две/три сесии и една пауза за храна (60 мин.)
Понудената програма за работилници треба да биде во македонски јазик. Модулите се одржуваат во македонски јазик (имајќи го предвид мулти-етничкиот состав на учесници, по можност, искористување на други јазици во текот на предавања се смета за предност). Организаторите овозможуваат симултан превод на албански и турски јазик.
План на работа
4 работни дена во период од 12 Април до 31 Мај.
Редослед |
Рок |
Повик за фасилитатори |
11 Април |
Избор на фасилитатори |
12 Април |
Спроведување на обуките (4 модули) |
13 Мај |
Доставување на поврзани документи (евалуациски форми, итн.) |
31 Мај |
Избраниот фасилитатор ќе треба да ги исполнува следните услови:
Кваливикации на фасилитаторот
- Најмалку две (2) годишно искуство во предложените креативни алатки.
- Стекнато формално/неформално образование во областа на предложените креативни алатки (сертификати, дипломи, итн.)
- Основни познавања со теми спротиставување на радикализација, промовирање на мултикултурализам, социјална кохезија, итн.
- Познавање на македонски јазик
- Многу добри аналитички и изготвувачки вештини и способност за брзо работење и производство на концизни програми со врвен квалитет;
- Културна и политичка свест и чувствителност, особено во однос на предметот на програмата
Заинтересираните кандидати треба да достават CV и понуда на програма преку електронска пошта на: info@horizon.mk не покасно од 11 Aприл (понеделник) 2022, во 23:59 часот.