Повик за практиканство за млади социјални работнички/студентки на социјални политики

Повик за практиканство за млади социјални работнички/студентки на социјални политики

ХОРИЗОН ЦИВИТАС објавува повик за ангажирање на практикантка во рамки на проектот „Реинтеграција на жени повратнички од Германија“.

Проектот има цел да овозможи реинтеграција на жени од Северна Македонија со одбиен азил во Германија и вратени во земјата. Повеќе детали околу проектот може да најдете тука: https://www.horizon.mk/returnee-project-germany/          

Начин на работа:

Проектот е основан на случај (case) повратничка. Во текот на месецот има најмалку две нови случаи (повратнички). Задачите на практикантката за секој случај се следните:

  • Помош при програмаta за ориентација на повратнички од Германија (теренско ангажирање и принуда на услуги за семејство)
  • Проценка за социјална состојба
  • Помош со поврзана документација за исполнување на социјални и други права

Квалификации:

Практикантката треба да ги исполнува следните услови:

  • Работно искуство: Не е задолжително. Поранешно искуство како волонтерство, практиканство и/или други ангажмани се сметат за предност при избор.
  • Образование: Додипломски студии во смер на социјални политики (четврта година). Дипломираните имаат предност при избор.
  • Јазик: Многу добро познавање на македонски јазик. Познавање на албански и англиски се смета за предност.
  • ИТ: Многу добро користење на Microsoft Word и Google Drive

Надомест: 6,100 МКД по случај (case)

Документи за апикација: CV и писмо на мотивација (зошто сакате да се ангажирате, што очекувате да придобиете од овој ангажман, итн.)

Пратка до: info@horizon.mk

Рок за апликација: 26.08.2022, 17:00

Share: